Општина Карпош спроведува темелна, вонредна дезинфекција на сите основни училишта и детски градинки на своја територија.

 

Претходно, во февруари редовно беа дезинфицирани воспитно – образовните установи, а сега, како резултат на пандемијата на Covid – 19 (коронавирус) вонредно се дезинфицираат овие установи.

 

Се користи посебно, специјализирано средство кое ги отстранува штетните честички од површините.

 

Локалната самоуправа секојдневно ги чисти и јавните површини, платоа, плоштади и локални улици во Карпош.

 

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирус.