ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИ ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ВО КАРПОШ
- април 12, 2020
- 0
За време на полицискиот час, овој викенд, активно работеа комуналните служби на Општина Карпош. Имено, се миеја и дезинфицираа улици во урбаните заедници: „Владо Тасевски“ (Млечен), Карпош 1 и Карпош 2.
Интензивно работеа двете цистерни на локалната самоуправа, со кои во изминатиот период се дезинфицираа голем број на јавни површини (локални улици, плоштади, платоа, фреквентни места).
Градоначалникот Стефан Богоев, кој го предводи и Општинскиот кризен штаб, во текот на викендот, направи обиколка низ населбите во Карпош, Пожарната бригада и маалските дежурни продавници.
Воочливо е дека граѓаните го почитуваат полицискиот час, а субјектите кои имаат дозвола за достава на храна и лекови работат по претходни нарачки од страна на граѓаните.
Комуналните служби на Карпош и претставниците на Општинскиот изборен штаб делуваат со соодветни дозволи за движење за време на полициски час, издадени од Министерството за информатичко општество и администрација.
Општина Карпош ги повикува сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирус, за овој кризен период да заврши што е можно побрзо.