За уште поголема хигиена и редовна дезинфекција на основните училишта, Општина Карпош им додели дезинфекциони пумпи на сите десет образовни установи. Имено, со овие пумпи, на побрз и поедноставен начин, ќе може да се дезинфицираат училниците, холовите, тоалетите и административните простории.

 

Денеска, комуналните служби на Општина Карпош имаа и кратка обука со претставниците од училиштата, за правилно користење на пумпите.

 

Сите основни училишта веќе ги спроведоа заштитните протоколи за почеток на учебната година. Направена е дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Истакнати се упатства со мерките за заштита од Ковид – 19, а адаптирани се и повеќе училници за настава според новите правила.

 

Локалната самоуправа обезбеди и ИТ опрема (компјутери, слушалки и камери) за наставниот кадар, со цел непречено да се одвива онлајн наставата преку Националната платформа.

 

Ги повикуваме учениците, наставно – техничкиот кадар и родителите на зголемена внимателност и целосно почитување на мерките.

Сите сме одговорни за безбеден почеток на учебната година.