Општина Карпош воведува дежурни служби за одржување на хигиената и за време на викендите.

Од овој викенд, по 12 хигиеничари, по четири работни часа, од 8 до 12 часот ќе бидат ангажирани рамномерно по урбаните заедници со цел дополнително да се  одржуваат јавните површини.

Поради тоа што во летниот период имаме зголемената фреквенција на движење и на граѓани и на автомобили, хигиеничарите ќе спроведат акции за чистење низ платоата, маалските паркчиња, сервисните улици, како и меѓу зградите.

Во оваа прилика, упатуваме апел до граѓаните за поголема грижа за животната средина, а отпадот да се фрла единствено во корпите за отпадоци.