Веројатно најпосакуваниот лик за време на новогодишните празници, Дедо Мраз, викендов ги посети најмалите жители на карпошовата населба Злокуќани. Со својот ведар карактер и препознатливиот црвен костум, Дедо Мраз од Општина Карпош го пречекаа широките насмевки на веселите дечиња од ромска припадност. Малите ромчиња скромно му ги шепнаа своите желби, а за возврат, добродушниот „старец“ со блага насмевка, им подели новогодишни пакетчиња.
 
На детската веселба присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој другаруваше со расположените дечиња, потсетувајќи ги дека треба да бидат умни, вредно да учат и секако, да ги слушаат своите родители.

Со овој гест, Општина Карпош пријатно ги изненади малите ромчиња од Злокуќани, практично демонстрирајќи дека без разлика на социјалниот статус или етничка припадност, секое дете подеднакво има право да сонува и да ја почувствува магијата на новогодишните празници.