ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ: ОБЈАВЕНИ ПРОГРАМИТЕ И ПРОЕКТИТЕ ЗА 2021 ВО КАРПОШ
- јануари 5, 2021
- 0
Буџетот и сите буџетски програми на Општина Карпош од денеска се достапни на веб страната www.karpos.gov.mk. Изработен е посебен таб, насловен како „Граѓански Буџет 2021“, каде што граѓаните можат да ги видат проектите за кои се предвидени средства во оваа буџетска година. (линк: https://bit.ly/393cLmU )
Исто така, локалната самоуправа преку своите социјални мрежи започнува и со дополнителна афирмација на проектите кои ќе ја одбележат 2021 година. На овој начин, граѓаните уште повеќе ќе се запознаат со начинот на кој ќе се трошат нивните пари.
Во делот на животната средина, Општина Карпoш предвидува 8.500.000 денари за одржување на постоечкото зеленило. За засадување на нови дрвја, тревни површини и системи за наводнување планирани се 6.000.000 денари. И оваа година, ќе поддржиме субвенционирање на велосипеди со 500.000 денари, а 650.000 денари ќе се потрошат за чистење на депонии.
Продолжуваме и со сеопфатна социјална заштита на локално ниво. Затоа одвојуваме 3.000.000 денари за поддршка на лица и семејства во социјален ризик и 550.000 денари за финансиска поддршка на лицата со попреченост.
Основното образование е една од најважните области. Одвоени се средства од 300.000 денари за поддршка на ученици кои ќе учествуваат на домашни и меѓународни натпреварувања; 1.000.000 денари за стипендии за талентирани ученици; 1.080.000 денари за личните и образовни асистенти.
Во претстојните денови, во рамки на табот „Граѓански буџет 2021“ дополнително ќе се поставуваат проектите (во форма на креативи), кои беа одобрени од Советот на Општина Карпош.