ГРАЃАНСКИОТ ФОРУМ ГИ ПРИОРЕТИЗИРАШЕ ПРОБЛЕМИТЕ ВО КАРПОШ
- ноември 24, 2017
- 0
Во просториите на урбаната заедница „Кузман Јосифовски-Питу“ при Општина Карпош, денеска продолжи втората сесија од Граѓанскиот форум „Со здружени сили, за заеднички интереси“.
Учесниците на денешната работилница ги приоретизирааа проблемите со кои се соочува Карпош како локална самоуправа. Како што истакна и модераторот – експерт во работење со решавање на комунални проблеми во локалните заедници Зоран Стојковски, на овој начин преку соработка на невладините и граѓанските организации со локалните самоуправи, многу полесно ќе се детектираат, ќе се градираат и ќе се решат проблемите со кои се соочуваат граѓните.
– Општина Карпош, несомнено е една од најурбаните Општини не само на територијата на Градот Скопје, туку и во цела Република Македонија. Според досегашната динамика, можам да согледам дека кај карпошани постои голема свесност за проблемите со кои се соочува една локална заедница, и тоа е факт кој радува. Од досегашните сесии на кои учествуваа граѓани, претставници од урбаните и месните заедници во Општина Карпош, вработени во локалната самоуправа, може да се заклучи дека карпошани имаат најголеми проблеми во областа на: комуналното уредување, заштитата на животната средина, урбанизмот, прашањата од социјален и безбедносен карактер, како и поголема партиципација на граѓаните во решавање на проблемите, потенцираше Стојковски.
На денешната сесија, учесниците ги идентификуваа и дефинираа проблемите според важност, со што се изготви мапа со која се утврди редоследот на решавањето на еден проблем: големина и сериозност на прашањето, способност на локалната заедница да се справи со односното прашање, законските услови и прописи, како и преференциите на јавноста во утврдување на проблемите.
Следната сесија ќе продолжи идниот четврток на 30.11.2017 со почеток од 10:00 часот во истите работни простории.