ГРАЃАНИТЕ СУГЕРИРААТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА „ПАРИСКА“ ВО КАРПОШ
- јануари 12, 2021
- 0
Општина Карпош ја доби реконструкцијата на улицата „Париска“, во населбата Тафталиџе 1, во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта при Министерството за транспорт и врски, финансиран од Светска банка.
Учеството на граѓаните во текот на изведбата на локалните инфраструктурни проекти во сите фази на изведба е особено важно, како за Општината, така и како предуслов за транспарентност по критериумите на Светска банка.
Оттаму Општина Карпош направи јавно достапен Образец за поплаки за целиот период на спроведување на проектот, кој граѓаните од овој дел на Карпош и сите кои се засегнати со реконтрикцијата на оваа важна сообраќајница ќе можат да го пополнат и преку него да ги достават своите забелешки.
Образецот може да се пополни по електронски пат, на www.karpos.gov.mk или во просториите на урбаната заедница Тафталиџе 1 (на ул. „Букурешка“ бр.2), во периодот од 07:30 до 15:30 часот.