Регулацијата на паркингот, одржувањето на хигиената, обновата на „Партизан“,  планско градење, реконструкција на плочникот во Порта Влае и др., се меѓу главните предлози на граѓаните на анкетниот прашалник за креирање на Буџетот за 2020 година, кој Општина Карпош го објави минатата недела, на својата веб страна (https://bit.ly/2YpxjAz).

Повеќе од 300 граѓани од различни урбани заедници го имаат пополнето прашалникот. Нивните предлози се веќе проследени до секторите при Општината и во значајна мера влијаат во креирањето на буџетските програми.

 

Целта на партиципативното буџетирање и вклученоста на граѓаните и граѓанските организации е локалната самоуправа да добие точни и прецизни податоци за различните проблеми, да се направи приоретизација на проектите и рационално да се користат буџетските средства.

Овој процес ја јакне довербата меѓу Општината и целокупната јавност. Имајќи предвид дека граѓаните со години не веруваа во локалната самоуправа, намерата е да се воспостави еден нов мост на соработка и постојана двонасочна комуникација.

 

Ги повикуваме сите граѓани од Карпош, граѓански организации, претставници од приватниот сектор да го пополнат анкетниот прашалник и на директен начин да се вклучат во формирањето на локалниот Буџет.