Со логистичка поддршка од општина Карпош, денеска на платото во Т.Ц „Лептокарија“, Институтот за имунобиологија и хумана генетика при Медицинскиот факултет во Скопје, спроведе научно истражување,  за да го утврди процентот на луѓе кои стекнале антитела од вирусот ковид – 19.

По случаен избор на граѓани, стручните лица од Институтот земаа примероци од крв, преку кои ќе го анализираат присуството на антитела на ковид -19, а по една седмица, граѓаните ќе добијат бесплатен клинички резултат по електронски пат, на својата мејл адреса.

Во рамки на денешниот серолошки скрининг во Карпош, беа земени околу 200 единици крв од потребниот примерок за анализа. Истражувањето ќе се спроведе и во другите скопски општини, при што треба да се испитаат вкупно 1.000 примероци, според кои треба да се утврди процентот на колективен имунитет на граѓаните од главниот град.