Завршена е анкетата за избор на идеен проект за обнова на спортската сала „Наум Наумовски – Борче“ позната како „Партизан“.

 

Во периодот од 08 – ми до 18 – ти февруари, преку веб страната www.karpos.gov.mk гласаа 1.322 граѓани, а мнозинство гласови, вкупно 878 доби идејниот проект кој е подготвен од архитектите Томас Ромеро Тали, Метју Сатори и Хавиер Ромеро.

 

Идејниот проект кој беше подготвен од Ивона Крстеска, Марија Гелмановска, Ана Грковска и Александар Кочовски доби 444 гласови.

 

Двата идејни проекти беа подготвени на волонтерска основа од Меѓународната невладина организација „Културно ехо“. И двата гарантираат задржување на автентичноста на објектот, но и додавање на нова вредност на салата, мултифункционалност и прилагодување на урбаниот контекст.

 

Општина Карпош, избраниот идеен проект ќе го достави до Агенцијата за млади и спорт, при што ќе следи подготовка на основен проект и реконструкција на салата.

 

Изборот на идеен проект ја потврди заложбата на локалната самоуправа за вклучување на стручната јавност, граѓаните и организациите во носењето на одлуки.

„Партизан“ е култен спортски објект, којшто трајно се заштити, а Карпош го доби на трајно користење.