Општина  Карпош, денеска беше домаќин на состанокот за локално партнерство со ТАКТ и GIZ ( германско друштво за меѓународна соработка). На оваа средба, присуствуваа претставници од ТАКТ и GIZ, како и одделенски и предметни наставници кои предаваат физичко  и здравствено образование, спортски тренери и вработени  од општинската администрација. Локалната самоуправа е втора општина во Република. С. Македонија, која е дел од проектот именуван како „ Спорт за развој- спорт за сите“, и е добитник на грант од вкупно 27.000 евра.

 

 

Со овој проект ќе бидат обучени 20 тренери за спорт за развој, кои ќе работат со учениците во основните училишта на територијата на Општина Карпош за развој на животните потенцијали, родова рамноправност, подигнување на свеста за здрав начин на живот и забавен спорт. На работниот состаник, свое излагање пред присутните имаа извршната директорка на ТАКТ- Магдалена Спасовска, Емилија Арсовска- раководител на одделението за образование при Општина Карпош, и Надица Јовановиќ – експерт за спорт за развој.

 

 

 

 Со овој добиен грант ќе се опремат сензорните соби во сите основни училишта, ќе се уредат и целосно ќе се опремат две спортски локации во Општината,  и исто така  ќе се формира  група на млади лидери кои ќе бидат поддршка на спортските тренери. Креирањето на локалното партнерство за спорт и за развој ќе биде долгогодишн а соработка, која ќе овозможи развој на спортот во Општина Карпош.