Стевчо Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош  2021-2025

 

Стевчо Јакимовски е роден на 27.08.1960 година во Крива Паланка.

Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, 1987 година. Бил волонтер, новинар во спортската редакција на Радио Скопје, јануари-јуни, 1988 година, потоа во информативно-политичката редакција на втората програма на Радио Скопје, јуни-октомври 1988 година.

Од октомври 1988 година до мај 1990 година е стручно-политички работник во Претседателството на Сојузот на социјалистичката младина на Југославија. Во 1992 година станува директор наТуристичката агенција „Катланово-турс” – Скопје“. 

Јакимовски бил поранешен репрезентативец на Македонија во карате, петкратен републички првак, два пати апсолутен шампион на Македонија и два пати освојувач на бронзен медал во СФР Југославија.

Во септември 2000 година бил избран за градоначалник на општина Карпош, а во ноември 2003 година за министер за економија во Владата на Република Македонија. Министер за труд и социјална политика бил од декември 2004 година. По завршувањето на мандатот е вработен во своја приватна фирма.
Активно користи англиски јазик. Поседува одлични ораторски и аналитички спосособности, комуникативност и умешност за пишување. Одлични организаторски способности, лидерство и тимска работа. Еден е од најпознатите македонски колумнисти.

Во април 2009 година победи на непосредни избори за локална власт и по втор пат стана градоначалник на општина Карпош. Четири години потоа, во март 2013 година, настапи самостојно на изборите и ја доби довербата на граѓаните на Карпош. Во септември 2013 година ја формира партијата Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ и на претседателските и парламентарните избори освои 32.000 гласови. Оттогаш наваму, неговата ГРОМ е парламентарна партија. Во октомври 2021 година на локалните избори се кандидира како кандидат на ГРОМ и по четврти пат ја добива довербата од граѓаните, кои очигледно не ги заборавиле резултатите до работењето до 2017 година. 

 

Канали на комуникација 

e-mail:  gradonacalnik@karpos.gov.mk 

https://www.facebook.com/stevco.jakimovski.12   

 

Facebook
Големина на фонт