ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ НА СРЕДБА СО ГЕРМАНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ЗА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА
- декември 1, 2021
- 0
Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска оствари средба со Делегација на германското стопанство од Германската комора за индустрија и трговија и Федералното министерство за економија и енергетика на СР Германија.
Претставниците на германската комора на средбата побараа од градоначалникот поддршка за нова инвестиција од областа на здравството на територијата на општина Карпош. Јакимовски вети дека општината ќе излезе во пресрет да ги обезбеди сите потребни услови за реализација на оваа странска инвестиција која ќе биде во интерес на граѓаните на Карпош, но и на градот Скопје.
Канцеларијата на комората ги застапува интересите на повеќе од 200 германски инвеститори во Македонија.