Настанот, организиран од ГОБ „8-ми Септември“ – Скопје и Biotek Solutions, се одржа на хелиодромот на ГОБ „8-ми Септември“. Со своето присуство, градоначалникот даде поддршка на иницијативата за подигање на свеста за сепсата и поддршка на пациентите и нивните семејства. Да ја подигнеме свеста, да реагираме навреме и да дадеме поддршка на сите кои се соочуваат со сепса. Навремената реакција може да спаси живот.