ГРАДИНКИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ПРИДРЖУВААТ КОН МЕРКИТЕ НА ВЛАДАТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ ОД ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ
- јуни 19, 2024
- 0
Детските градинки на територија на општина Карпош ќе ги почитуват препораките кои ги усвои Владата на РСМ на вчерашната седница, со цел, намалување на ризиците од високите температури кои ја зафатија целата територија на Македонија. Имено, според Владините препораки се предвидува воспитните установи да работат непречено, но притоа, не треба да се практикува физичка активност на дечињата и особено не треба да се изнесуваат најмладите на отворено, во периодот од 11 до 17 часот.
Ваквата одлука на Владата следуваше по барањето на Министерството за здравство, откако Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на УХМР добија информации дека од денеска до недела, целата територија на Македонија ќе биде зафатена од топлотен бран од портокалова фаза.