ГЕЛЕНДЕРИ НА НОВИТЕ СКАЛИ ВО ТРНОДОЛ
- мај 3, 2017
- 0
Денеска, на скалите кои водат од Козле кон населбата Трнодол во Општина Карпош беа поставени нови гелендери (ограда на скали) . Овие инфраструктурни помагала се ставија со цел да се подобри безбедноста на граѓаните, кои ги користат скалите секојдневно во овој дел од Општината.
Оградата на скалите кои водат до Трнодол е долга 51 метар, висока 60 сантиметри, додека помошниот држач на оградата е долг 100 метри. Поставените гелендери на новите скали во Трнодол претставува инвестиција обезбедена од буџетот на локалната самоуправа.