На покана од збратимената општина Врњачка Бања,  делегација од општина Карпош предводена од советниците Игорче Кузманоски и Тања  Ристевска, присуствуваше на  свечената манифестација која се одржа по повод одбележување на 148 годишнината од основањето на оваа српска општина.

На денешниот свечен прием кој се одржа во административната зграда на општина  Врњачка Бања, се обрати претседателот на локалната власт, Бобан Ѓуровиќ.  Меѓудругото, тој  истакна дека модерниот лик на Врњачка Бања се должи на примената на успешниот модел на управување на локалната самоуправа, кој одамна го практикува неговиот македонски колега, Стевчо Јакимовски.