Во периодот од 30.август до  4.септември  2019 година,  во  Центарот за обука   „ Солферино “  во Струга се реализираше курсот за обука на спасители на отворени води и реки на кој учествуваа вработени административци од Карпош кои се и дел од тимот на просторната единица за заштита и спасување. Оваа обука е на барање на Општина Карпош до Црвениот крст на Град Скопје, а во согласност со годишните планирани активности за обука на спасители на вода. Од пријавените вкупно девет кандидати, седуммина ги исполнија условите за стекнување на лиценца-спасител, и што е исто така важно, во текот на обуката, ниту еден од учесниците на курсот не се откажа.  Според програмата за работа, наставните и практичните методски единици се одржуваа во согласност со временските можности и обврските на инструкторскиот тим и пријавените кандидати, на почетокот со теоретските, па потоа и со практичните наставни единици.

 

На  различни методски единици беа обучувани кандидатите и тоа: тестирање на пливачки  способности, противпожарна заштита-теорија и практичен приказ, одговор при  катастрофи, спасителни техники за вадење на активен и пасивен давеник, управување со чамец, ноќно возење, барање давеник, и многу други.

 

Вкупно   седум   кандидати ги исполнија условите и ќе се стекнат со  соодветна легитимација, титула спасител. Кандидатите: Стефан Андоновски, Здравко Пршевски, Филип Мишевски, Мирче Анѓелески ,  Златко Пановски, како и Александра Иванова  и Далиборка Трпчевска се новообучените спасители на вода.

  За време на обуката инструкторскиот тим имаше на распологање спасителни бови, моторен чамец и весла, спасителен обрач, кукла-манекен, спинална даска и јаже од 100 метри. Со оваа опрема беа  запазени сите стандарди при давање на прва, неопходна помош при елементарни непогоди. Раководител на курсот-национален инструктор за безбедност на вода на обуката беше Дејан Јонузоски, додека демонстратор и парамедик Елеонора Ѓорѓиевска.  Раководен тим на обуката беа Раде Мицковски – раководител на Одделението за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра и  Петре Кузмановски – командир на единицата, исто така вработен во Одделението за заштита и спасување при Општина Карпош.