Градоначалникот Сотир Лукровски присуствуваше на свеченото одбележување на Меѓународниот ден на Бошњаците, кое се одржа на 27 септември во Малата сала на Филхармонијата на Република Северна Македонија. Настанот беше посветен на богатото културно наследство, традицијата и идентитетот на бошњачкиот народ, но и на вредностите што нè поврзуваат – меѓусебното почитување, разбирањето, соработката и заедништвото.