Основно училиште „Владо Тасевски“

 

 
Училиште: Владо Тасевски
Урбана заедница: Козле
Адреса: ул „Миле Поп Јорданов“ бб
Телефон: 02/ 30 82 728
E-mail: v.tasevski@yahoo.com
Веб страна: http://vladotasevski.mk
Директор: Викторија Кочевска, 078/313-412 
Кратка биографија: Основното училиште Владо Тасевски Скопје е лоцирано на ул „Миле Поп Јорданов“ бр.74, на територија на Општина Карпош.

Во септември 1957 година, со решение на поранешната општина Идадија, од основното училиште „29 Ноември“ е формирано училиштето „Владо Тасевски“. По катастрофалниот земјотрес јули 1963 година училиштето добива нова училишна зграда од монтажен тип, подарок од Владата и народот на Англија на град Скопје. Во чест на 13 Ноември Денот на ослободувањето на Скопје во 1983 година, на училиштето му беше предадена во употреба нова училишна зграда со солидни просторни услови.

Реонот на Општинското основно училиште „Владо Тасевски“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Козле што се простира на исток до ул „Васил Ѓоргов“, на север до ул „Теодосије Гологанов“ и урбаните заедници Трнодол и Жданец.

Училиштето својата основна дејност ја врши во објект од тврда градба, со површина од 4614 м2 и дворно место со површина од 4400 м2. Затоплувањето на училиштето е решено со приклучување на градската топлификациона мрежа.

Наставата се одвива во две смени за 1014 ученици во 36 паралелки. Во училиштето се вработени 63 наставници и друг кадар.Училиштето покрај редовната настава организира и продолжен престој. Наставата се одвива на македонски јазик.

Училиштето е збратимено со ОУ „Св.Климент Охридски“ – Делчево и со ООУ „Хасан Приштина“.

Патронен празник: 21 Март
Facebook