Фудбалерите од  ООУ „ Владо Тасевски“ се искачија на фудбалскиот трон, и станаа овогодинашни фудбалски шампиони.  Победувајќи ги  со 4:0 , своите противници  од  ООУ „ Димо Хаџи Димов“. Основците од „ Војдан Чернодрински“ се второпласирани, по победата над „ Аврам Писевски“ со резултат од 5:3, додека бронзата отиде кај фудбалерите на „ Петар Поп Арсов“, кои во последниот натпревар со врсниците од „ Лазо Трповски“, одиграа нерешено 1:1.

 

Најдобар голман е Амир Шериф од „ Лазо Трповски“, додека најдобар стрелец е Давид Трајчевски од „ Аврам Писевски“.  За најталентиран играч е прогласен  Стефан Стојановски од „ Војдан Чернодрински“, а најдобар играч е прогласен Игор Јаневски од „ Владо Тасевски“.

 

Раководителот на Одделението за култура и спорт , Патрик Поповски им го честиташе постигнатиот успех на сите натпреварувачи , а медалите и пехарите на победничките екипи им ги додели членот на Советот на Општина Карпош Филип  Даскаловски.

 

Со   одигрувањето на последните кола од фудбалската лига, на  теренот во „ Влае“, завршија училишните спортски лиги во Општина Карпош