ВКУПНО 2.000 ГРАЃАНИ СЕ ПРИКЛУЧИЈА КОН „МОЈ КАРПОШ – МОЈА КАРТИЧКА“
- март 15, 2019
- 0
За краток период постигнавме своевиден рекорд. Вкупно 2.000 граѓани на Карпош се приклучија кон „Мој Карпош – Моја Картичка“.
Според интегралната изјава на градоначалникот Стефан Богоев, за речиси една недела, оваа картичка го привлече вниманието на голем број карпошани.Се поголем број жители на Скопје прашуваат и се интересираат за овој проект. Како резултат на тој зголемен интерес на граѓаните, секојдневно се приклучуваат и нови фирми кои одлучиле да дадат попусти и бенефиции за нашите сограѓани.
Картичката Мој Карпош придонесе да има трајна соработка меѓу граѓаните, локалната самоуправа и бизнис секторот.
Ви благодарам за големиот интерес и соработка.
Посетете ја веб страната MOJKARPOS.MK и бидете информирами за сите новости!
Продолжуваме заедно.