ВКЛУЧИ СЕ ВО КРЕИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА КАРПОШ ЗА 2021
- ноември 23, 2020
- 0
Општина Карпош креираше онлајн анкетен прашалник, преку кој граѓаните можат да се вклучат во креирањето на Буџетот за 2021 година. Сите жители на Карпош имаат можност да достават предлози, иницијативи за својата населба. Линк до прашалникот:
Општинските сектори и одделенија ги подготвуваат буџетските програми за 2021 година. Сите предлози кои се реално остварливи и постои финансиска можност за нивна реализација, ќе бидат земени предвид и интегрирани во буџетските документи.
Оваа година, анкетниот прашалник е дополнет со прашање за пандемијата и предлози на жителите за потенцијални нови активности/мерки, кои реално можат да бидат преземени од општината за намалување на последиците од Ковид – 19.
Локалната самоуправа планира и спроведување на теренска анкета за да се добие уште појасна претстава за главните потреби и проблеми на граѓаните.
Партиципативното буџетирање има за цел да овозможи поголемо учество на граѓаните и граѓанските организации при носење на Буџетот, но и поставување на приоритети за претстојната 2021 година.
Ги повикуваме сите граѓани на Карпош да се вклучат во овој процес и да бидат поддршка на локалната самоуправа во креирање на новиот Буџет.