Општина Карпош овозможи нов начин за вклучување на граѓаните и граѓанските организации во креирање на Буџетот за 2019 година.

Ги повикуваме сите карпошани,  да го пополнат формуларот во електронска форма и да го посочат предлогот или решението за своето маало или населба (https://goo.gl/qHNsHD).

Целта на локалната самоуправа е да создаде реален и одржлив Буџет, при што ќе се стави акцент на рамномерен развој на сите урбани заедници.

Во претстојниот период, градоначалникот Стефан Богоев заедно со општинското раководство ќе имаат и повеќе теренски средби со граѓани, во пресрет на донесувањето на новиот Буџет.