Виолета Куновска – биографија

13.05.1966 

Дипломирала на  Универзитетот „Кирил и Методиј“, на Филолошкиот факултет, на групата за македонска и јужнословенска книжевност.

 

Професионално искуство                                                                                       

Вработена во Министерство за одбрана од    1. октомври 1996 година.

За време на своето долгогодишно работно искуство има завршено повеќе стручни обуки во седиштето на НАТО во Брисел, како и во Врховниот штаб на сојузничките сили за Европа во Белгија, потоа на НАТО колеџот во Италија; на Институтот за национална одбрана и безбедносна политика во Шведска; на високата НАТО школа во СР Германија; на Кралскиот колеџ за одбрана во Холандија; на Кралскиот колеџ за одбрана во Данска; во Тренинг центарот за операции за поддршка на мирот во Босна и Херцеговина, во Центарот за безбедносна соработка во Хрватска и др.

Таа е сертифициран родов советник од страна на Центарот за обука за родова еднаквост во Шведска, како и сертифициран цивилен набљудувач за НАТО, ЕУ и мисии на ОН од страна на престижната „Folke Bernadotte“ Академија во Шведска.                                                                            

Исто така, има учествувано на бројни меѓународни конференции за реформи и соработка во одбраната, во земјата и во странство, како и на повеќе семинари и работилници за учество на жената во политиката, за унапредување на родовата еднаквост и за креирање на јавни политики.

Била истражувач во рамките на проектот “Поддршка од граѓанското општество кон политиките за социјална кохезија и различностите” за положбата на жените од руралните области со посебен осврт кон достапноста до образование – проект на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, поддржан од Британската амбасада во Република Македонија.

Членка е на Интер-ресорска консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите во Владата на Република Северна Македонија, како претставник од Министерството за одбрана.

Вработена во Министерство за одбрана од   1. октомври 1996 година.