Со програма за најмладите, односно со настапот на гласовите на Златните славејчиња, вечерва од 19:30 часот, на платото на ТЦ Лептокарија, започнува 11-тото по ред Карпошово Културно лето.

Карпошани, а и сите намерници и љубители на добрата музика и забава вечер ќе имаат можност да ги слушнат Дарио Панковски, групата Нон Стоп и Кристина Арнаудова.

Настанот ќе го води нашиот познат актер и мултимедијален лик, Сашко Коцев, а присутните ќе ги забавува и DJ Тина.

Годинашново издание на оваа традиционална културна манифестација ќе го отвори градоначалникот Стефан Богоев, кој ќе  ги повика карпошани на забава и музичко дружење со реномирани македонски уметниции во наредните викенд денови, односно до недела 26 август.