Основно училиште „Вера Циривири Трена“

 

 
Училиште: Вера Циривири Трена
Урбана заедница: Карпош 2
Адреса: ул „Руѓер Бошковиќ“ бр.9
Телефон: 02/30 68 507
E-mail: oou.veraciriviri@gmail.com
Веб страна: veraciriviritrena.edu.mk
Директор: Светлана Шајновска   контакт:  078/243-339
 
Кратка биографија: OУ „Вера Циривири Трена“ – Скопје е централно самостојно деветгодишно училиште. Лоцирано е во населбата – Карпош 2 на улица „Руѓер Бошковиќ“ бр.9. Училишната зграда е изградена во 1963 година, а дневниот престој е изграден 1975 година од тврд материјал. Зградата е приклучена на градска топлификациона мрежа.

Реонот на Општинското основно училиште „Вера Циривири Трена“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Карпош 2 што се простира на исток до ул „Никола Тесла“, на север до бул „Илинден“, на југ бул „Партизански Одреди“и на запад до ул „8 Септември“

Училишниот простор изнесува 3600 м2 и 10080 м2 голема уредена дворна површина: асфалтирани спортски терени, игралишта, патеки и уреден дел како парк. Училиштето работи во смена и половина за 417 ученици распоредени во 20 паралелки, а се вработени 48 лица. Наставата се изведува на македонски јазик. Училиштето организира и продолжен престој за своите ученици. ОУ „Вера Циривири Трена“ е збратимено со ОУ „Кочо Рацин“ – Прилеп и ОУ „Шандор Петеси“ – Нови Сад (Р.Србија) и со ООУ„Братство“.

Патронен празник: 15 Мај
Facebook