Во ООУ,,Петар Поп Арсов” поставен е специјализиран вендинг уред за собирање на мали отпадни електрични и електронски уреди. Оваа акција се реализира во соработка со ЕЛКОЛЕКТ ДОО и Општина Карпош, а целта е најмладите да научат како правилно да постапуваат со електронскиот отпад како и да придонесат кон заштита на животната средина. Преку оваа иницијатива, учениците се информираат за значењето на правилното собирање и рециклирање на електронскиот отпад, кој често завршува на несоодветно место. Во поставениот вендинг уред, учениците имаат можност да донесат мали електрични и електронски уреди кои повеќе не ги користат и со тоа ќе добијат тикет за секој правилно одложен отпад.

За најактивните ученици, односно оние кои ќе добијат најмногу тикети, следува награда, а награда предвидена е и за училиштето. Со правилно собирање на електронскиот отпад, учениците учат дека грижата за животната средина започнува од секој од нас.