ВЕЛИЧЕСТВЕН ДАР ОД БИОГРАД НА МОРЕ ЗА КАРПОШ
- април 29, 2016
- 0
По повод големиот христијански празник Велигден, пријателската општина Биоград на Мору, Република Хрватска, и испрати величествен подарок-сувенир на Општина Карпош, огромно велигденско јајце насловено :„Писаница од срца“.
Станува збор за авторско дело на четири хрватски уметници Јосип Грегуриќ, Ѓуро Јаковиќ, Стјепан Понграц и Златко Штрфичек, со височина од 2,05 метри и широчина од 1,5 метри, кој со Одлука на градоначалникот на Општина Биоград на Мору Иван Кнез се подарува на Општина Карпош по повод прославата на православниот Велигден.
Големото „Велигденско јајце од срце“ денеска на Велики петок, ден пред Христовото воскресение, е поставено во дворот на Општина Карпош, како симбол на едно искрено и топло пријателство, почит кон локалната самоуправа и граѓаните на Карпош и него можат да го видат сите граѓани на Карпош и доколку сакаат да се сликаат со овој уникатен подарок за нас.