Како резултат на новите одлуки од Владата во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот).

 

Исто така, сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, да пополнат пријава  и да ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk , најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.

ПРИЈАВА (преземи) 

 

Дополнително, ги информираме сите граѓани дека во текот на викендот, полицискиот час ќе започне во сабота од 15:00 часот и ќе трае до понеделник, до 05:00 часот.

 

Оттука, нерегистрираните земјоделци и гулабари, кои сакаат да вршат дејност за време на претстојниот викенд, да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk , со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност и во кој период од полицискиот час. Истите податоци да ги испратат најдоцна до 24-ти април (петок), до 11:00 часот.

 

Кога станува збор за активистите кои хранат бездомни животни, за претстојниот викенд, преку регистрираните здруженија треба да се пријават во Град Скопје, до петок (24.04) до 12:00 часот. Потоа, информациите ќе им бидат проследени до Министерството за информатичко општество и администрација, по што, на мејл ќе им биде испратена дозволата.

 

Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.

Општинскиот кризен штаб на Карпош продолжува со секојдневната комуникација со Полициската станица – Карпош, Градот Скопје, Државниот пазарен инспекторат и други ресорни институции.

 

Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.

Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.