ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЗА ВРЕМЕ НА 1, 2 И 3 МАЈ
- април 29, 2020
- 0
Како резултат на новите одлуки од Владата, а во врска со коронавирусот, Општина Карпош ги известува сите фирми кои вршат достава на храна / лекови, а кои веќе имаат добиено известувања од Општината за вршење на дејност и во полициски час – дека истите и понатаму имаат важност (во тек на работната недела после 19:00 часот и за време на викендот, 1-ви, 2-ри, 3 – ти мај после 14:00 часот).
Исто така, сите други компании кои сакаат да вршат достава на храна / лекови, а до овој момент не се пријавиле, да пополнат пријава и да ја испратат на kontakt@karpos.gov.mk, најдоцна до 30-ти април (четврток), до 11:00 часот.
Дополнително, ги информираме сите граѓани и компании дека во текот на продолжениот викенд, 1, 2 и 3 мај, ќе биде дозволено движење на граѓаните меѓу 05:00 и 14:00 часот. Оттука, нерегистрираните земјоделци кои вршат дејност во Карпош, хранителите на бездомни кучиња, гулабари, потребно е да вршат дејност во дозволениот дел од денот (од 05:00 до 14:00 часот).
Нерегистрираните земјоделци кои сакаат да вршат дејност надвор од Општина Карпош, околината на Скопје, за време на претстојниот викенд, да се пријават на kontakt@karpos.gov.mk, со име и презиме, живеалиште, локација каде ќе вршат дејност, број на катастарска пацела и во кој период од полицискиот час. Истите податоци да ги испратат најдоцна до 30-ти април (четврток), до 11:00 часот.
Истакнуваме дека сите нецелосни пријави и оние кои ќе бидат испратени по дадените рокови, нема да бидат земени предвид.
Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат правилата за движење во тек на полициски час, да носат заштитни маски и да не се собираат во групи.
Исто така, секоја злоупотреба на дозволите за движење се санкционира.