БУЖАРОВСКИ ПОВТОРНО ДРЖАВЕН ПРВАК ВО ПИНГ-ПОНГ
- март 29, 2016
- 0
Младиот карпошанец Методиј Бужаровски е новиот државен првак на Македонија во пинг-понг, за сезоната 2015/2016година. Во рамки на 24 Државно поединечно првенство во категоријата кадети, кое се одигра вчера во Куманово, Бужаровски го обезбеди златото втора година по ред.
Со беспрекорна игра, младиот пинг-понгарски ас, ја потврди својата врвна форма, освојувајќи го и третото место во натпреварување во двојки-парови.