БУГАРОТ КИРИЛ ГЕОРГИЕВ ПОБЕДНИК НА БОЖИКНИОТ ШАХОВСКИ ТУРНИР
- јануари 15, 2017
- 0
Вчеравечер, во хотелот ,, Александар Палас“, беа доделени наградите и прогласени победниците на овогодинешниот Божиќен шаховски турнир.
Во коорганизација на Општина Карпош и шаховскиот клуб „Гамбит Асеко“, се натпреваруваа 200 учесници од Република Македонија и од соседните земји. Младата шаховска надеж Ндерим Сарачи од Косово го освои високото трето место на турнирот, додека Велемајсторот Миљкович Мирослав од Ребпублика Србија беше второпласиран. Честа да биде победник на овој шаховски турнир ја има Велемајсторот Кирил Георгиев од соседна Бугарија. На овој турнир високо се позиционираа и нашите шахисти Дејан Стојановски и Никола Николовски на четвртото и петтото место. Претставникот на шаховскиот клуб ,, Гамбит Асеко“ , Зоран Стојчевски изрази големо задоволство од организацијата на овој меѓународен турнир и упати благодарност до градоначалникот Стевчо Јакимовски, и до локалната самоуправа.
– Ова е еден од најсилните шаховски турнири во Република Македонија, и од година на година се повеќе се етаблираме и во соседството како познат и признат шаховски спортски бренд, нагласи Стојчевски.