Основно училиште „Братство“

 
 
 
Училиште: Братство
Урбана заедница: Тафталиџе 2
Адреса: ул „Московска“ бб
Телефон: 30 77 889
   
Веб страна: http://ooubratstvo.edu.mk
Директор: В.Д. Јадранка Поповски (контакт 070/343 – 279)
Кратка биографија: Основното училиште Братство – Скопје дејствува како самостојно училиште, се наоѓа на ул „Московска“ бб, во чиј склоп има и подрачно училиште во с.Г.Нерези. Во него се образуваат и воспитуваат ученици на македонски и албански јазик.

Училиштето е изградено после земјотресот во 1964 година (монтажно училиште-англиски тип).

Реонот на Општинското основно училиште „Братство“, Скопје ја опфаќа територијата на урбаната заедница Тафталиџе 2 што се простира на исток до ул „Московска“, на север до бул„Партизански Одреди“, на запад до р.Вардар и на југ до ул „Теодосије Гологанов“ и населените места Горно и Средно Нерези.

Училиштето располага со 3426 м2 училишен простор и дворно место од 16751 м2. Во склоп на училиштето има една фискултурна сала и две асфалтирани игралишта за кошарка и ракомет како и детско игралиште изградено од Општината.

Од прво до деветто одделение има вкупно 33 паралелки. Вкупен број на ученици 678. Во училиштето се организира и проширена програма (продолжен престој). Воспитно образовна и друга дејност во училиштето вршат 64 лица.

Училиштето Братство е збратимено со ОУ „Јахја Кемал“ – Бурса (Р.Турција) и со ООУ„Вера Циривири – Трена“

Патронен празник: 9 Мај
Facebook