БОСАНСКИОТ ВЕЛЕМАЈСТОР ДЕНИС КАДРИЌ ПОБЕДНИК НА ШАХОВСКИОТ ТУРНИР „КАРПОШ РАПИД 2025“
- март 3, 2025
- 0
Со освоени осум поени, босанскиот Велемајстор Денис Кадриќ е победникот на овогодинешниот меѓународен турнир во забрзан шах „Карпош Рапид 2025“, кој се одигра викендов во свечената сала на хотелот „Александар Палас“. Второто и третото место со освоени 7½ поени им припадна на македонските Интернационални мајстори Ристески Емил и Лазов Тони, додека пак четвртата позиција со 7 поени ја обезбеди Интернационалниот мајстор Ндерим Сарачи. Со идентичен број на поени (7), на петтата позиција се пласираше Фиде мајсторот Андреј Велјаноски, на шестата Кандидат мајсторот Мухамет Аслани, а на седнмата шахистот Љубомир Данов.
Од осмата до десеттата позиција со освоени 6½ поени се пласираа Интернационалниот мајстор Никола Николовски, и Велемајсторите Петар Г. Арнаудов и Горан М. Тодоровиќ.
Специјални награди освоија и петорица шахисти во различни категории. Имено, во категоријата најдобар женски играч со освоени 6 поени се пласираше женскиот Велемајстор, Белослава Крастева, со исто толку поени Благоја Миновски беше најуспешен во категоријата Најмлад играч под 18 години. Со освоени 6½ поени, Интернационалниот мајстор Бедри Садику беше најдобар во категоријата Ветерани над 65 годишна возраст, а Атанасов Ацо со освоени 6 поени заслужено ја зема наградата во категоријата Најдобар играч без титула под 2100 рејтинг поени. Шахистот Арлинд Јонузи со освоени 5½ поени беше најдобар во категоријата Најдобар играч без титула под 1900 рејтинг поени .