БОГОЕВ НА ИНФО СРЕДБА СО ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД КОЗЛЕ
- април 12, 2019
- 0
Продолжуваат инфо сесиите со пензионерите од Општина Карпош, во врска со проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“. Денеска, градоначалникот Стефан Богоев се сретна со пензионерите од Козле, пред кои говореше за поволностите кои ги нуди картичката, со која се овозможуваат голем број на попусти и бенефиции низ локалите во Карпош.
На средбата се разговараше и за други актуелни прашања и проекти. Богоев ги информираше присутните за новите садници кои се засадуваат низ Општината, како и за утрешната еко – акција за чистење на Карпош, во која ќе учествува општинската администрација, фирмите, граѓанските организации и сите заинтерсирани карпошани.
Пензионерите прашуваа и за проектот за „хумани патроли“, со кој локалната самоуправа ќе овозможи нега и здравствена заштита за изнемоштените лица. Тие ја поздравија иницијативата која пред некој ден ја спроведоа Општина Карпош и Лајонс клубот Карпош, за бесплатна крвна анализа (крвна слика) за најранливите категории на граѓани.