БОГОЕВ И АНГЕЛОВ СО НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ВО БОЛНИЦАТА ВО КОЗЛЕ
- декември 20, 2018
- 0
Во пресрет на новогодошните и божиќните празници, градоначалникот на Општина карпош Стефан Богоев и амбасадорот на Република Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов доделија новогодишни пакетчиња за дечињата кои се лекуваат во ЈЗУ Институт за белодробни заболувања (Козле).
– Во овие моменти, кога ја испраќаме старата година и влегуваме во Новата, сакаме да ги израдуваме најмладите и да потсетиме на хуманоста и солидарноста како важни човечки и општествени вредности.
Општина Карпош и, во претстојниот период, ќе додели пакетчиња на децата од социјално – загрозени семејства, рече Богоев.
Амбасадорот Ангелов посочи дека пакетчињата се донација од Министерството за надворешни работи на Бугарија, а нивната заложба со оваа донација е што поголем број на граѓани да ги поминат празниците во пријатна атмосфера.
Директорот на здравствена установа Ангелчо Андоновски напомена дека ќе продолжат да работат максимално на целосна нега и лекување на децата, а ваквите акции се добар пример за начин на грижа и внимание за целокупната заедница.