БЛАГОДАРНИЦИ ЗА ВРЕДНИТЕ РАЧИЊА НА ДЕТСКИОТ ЛИКОВЕН ХЕПЕНИНГ
- септември 20, 2023
- 0
Во организација на Детскиот ликовен центар, во соработка и покровителство на Општина Карпош, денеска се одржа детски ликовен хепенинг во дворот на библиотеката ,,Другарче”. Вредните и талентирани рачиња на децата од четирите градинки на територија на Општина Карпош, ги насликаа своите шарени дела, а притоа се закитија со дипломи за учество на ликовниот хепенинг. Имагинацијата на децата е зачудувачка, од прекрасните цртежи неможеше да се избере кој е најубав.
Харалампије Манчев, од Детскиот ликовен центар, додели благодарница до раководителката на Секторот за детска, здравствена и социјална заштита, Гордана Зафировска, како претставник од Општина Карпош, за неуморната поддршка и вложување за ваквите настани, а вработените од детските градинки добија благодарници за учество на овогодинешниот традиционален ликовен хепенинг.