БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ГОЛЕМАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“
- мај 6, 2026
- 0
Почитувани граѓани, претставници на невладини организации и општествено одговорни компании. Општина Карпош и оваа година активно ќе се вклучи кон масовната еколошка акција „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“, во која ќе учествуваат сите локални самоуправи во Македонија. По тој повод ве повикуваме и вас да се приклучите кон оваа еколошка иницијатива за одржување на почиста и поздрава животна околина. Големата акцијата за чистење ќе се спроведе во сабота (09.05.2026) со почеток во 10:00 часот, на неколку локации на територија на општина Карпош. Во прилог ви ги испраќаме сите седум локации, кои ќе бидат означени како стартна позиција за почеток на акцијата „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“:
ЛОКАЦИЈА 1
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: ПЛАТО НА „МЛЕЧЕН“ –У.З ВЛАДО ТАСЕВСКИ
Отпадот се одложува кај контејнерите на паркингот кај Веро 2 и контејнерите на ул.Рузвелтова (кај интернатот за средношколци Здравко Цветковски).
ЛОКАЦИЈА 2
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: КАРПОШ 1 И 2 –У.З ВО КАРПОШ 2
Отпадот се одложува кај контејнерите кај училиштето за странски јазици –Карпош 1 и кај контејнерите кај маркетот Стокомак- Карпош 2.
ЛОКАЦИЈА 3
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: КАРПОШ 3 -ООУ „ЛАЗО ТРПОВСКИ“
Отпадот се одложува кај контејнерите на ул.Бледски Договор спроти 8ми Септември и кај контејнерите кај кафеаната „Срна“.
ЛОКАЦИЈА 4
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: КАРПОШ 4- ООУ „ПЕТАР ПОП АРСОВ“
Отпадот се одложува кај контејнерите на ул. Никола Парапунов (на аголот со ул. Волгогратска) и кај контејнерите кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ – Партизан.
ЛОКАЦИЈА 5
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: ВЛАЕ 2 – ПЛОШТАД „ДЕЛФИНА“
Отпадот се одложува кај контејнерите на Бул. Партизански Одреди
ЛОКАЦИЈА 6
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: ТАФТАЛИЏЕ 1 И 2 – ООУ „ЈАН АМОС КОМЕНСКИ“
Отпадот се одложува кај контејнерите спроти средното училиште „Георги Димитров“ и кај контејнерите кај последната автобуска станица на 24-ка.
ЛОКАЦИЈА 7
СТАРТНА ПОЗИЦИЈА: КОЗЛЕ – „САЛОН 29“
Отпадот се одложува кај контејнерите пред Министерство за Економија и кај контејнерите пред ООУ „Владо Тасевски“.
За дополнителни информации јавете се на 076468864
СЕ ГЛЕДАМЕ ВО САБОТА









