БЕСПЛАТНИ ЧАСОВИ ПО ФИТНЕС И САМООДБРАНА ЗА ДЕВОЈКИ И ЖЕНИ
- јануари 26, 2024
- 0
Од идната сабота (3. февруари) во спортската сала на основното училиште „Јан Амос Коменски“, полицискиот боречки клуб „Безбедност“ започнува со бесплатна обука за самоодбрана и фитнес, наменета за припадничките на понежниот пол кои живеат на територијата на Карпош. Оваа иницијатива ја подржаа советниците од Општина Карпош како дел од проектот „Фитнес и самоодбрана за девојки и жени“ во рамки на Програмата за еднакви можности меѓу мажите и жените. За реализација на овој проект, локалната самоуправа од својот буџет обезбеди финансиски средства во висина од 100.000 денари.
Станува збор за десетмесечна обука која ќе трае до 30. ноември, а истата ќе се одржува двапати во неделата, односно во понеделник од 21:00 до 22:00 часот и во сабота од 12:00 до 13:00 часот. Преку обуката, учесничките ќе се стекнат со техники за самоодбрана од напад на вооружен и невооружен напаѓач, за задржување на контролата, како и техники за реагирање во различни ситуации. Овој проект има за цел да ја промовира родовата еднаквост и да го поттикне развојот на едукативни информации кои се поврзани со здравјето, виталноста и физичката култура кај жените и девојките.
Пријавувањето започнува од понеделник (29.01.2024) на следниов телефонски број 070-358-398