БЕСПЛАТЕН ОДМОР ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ ОСНОВЦИ ОД КАРПОШ
- јуни 9, 2016
- 0
Денеска, во амфитеатарот на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, Советот на Општина Карпош заседаваше по педесетти пат. На оваа седница, советниците гласаа по 18 точки на дневниот ред.
Командирот на Полициската станица во Карпош го презентираше извештајот за работите во однос на јавната безбедност и безбедноста на патиштата на подрачјето на оваа полициска станица за 2015 година. На оваа седница советниците изгласаа одобрување на финансиски средства како помош на заслужен граѓанин на Општина Карпош, и исто така ги одобрија предвидените средства за џудистката Арбреша Реџепи. Едногласно Советот ја одобри и одлуката за бесплатен летен одмор на основци од социјално загрозени семејства од училиштата на територија на Општина Карпош. Традиционално и оваа година, учениците од основните училишта во Карпош кои освоиле значајни спортски успеси на регионалните и државните натпреварувања, ќе летуваат во збратимената општина Тиват во Црна Гора, со средства од буџетот на локалната самоуправа.