АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦИ ВО КАРПОШ
- септември 27, 2017
- 0
Денеска, Општина Карпош реконструираше два коловоза на својата територија. Во населбата Средно Нерези во близина на црквата Св. Пантелејмон се асфалтираше улицата Козле бр. 11 во должина од 210 метри и три метри во широчина. Изведувач на градежните работи е фирмата „Изолација“, а локалната самоуправа за оваа интервенција издвои околу 500.000 денари.
Нов асфалт доби и дел од улицата Миле Поп Јорданов, која се наоѓа во близина на ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле. Реконструиран е коловозот во должина од 100 метри и широчина од шест метри. Инфраструктурниот зафат го изведува фирмата „Изолација“, а Општина Карпош од својот буџет издвои околу 600.000 денари за оваа намена.