Со асфалтирање на „Вангел Дину“ во Влае 1, започна последната фаза од реконструкцијата на оваа сервисна улица.

 

Се работи на асфалтирање на коловоз во должина од 208 метри и широчина од 5 метри.

 

Во должина на улицата се поставија и нови рабници и пешачки делови –  тротоари.

 

Локалната самоуправа продолжува со тековното одржување на инфраструктурата.