АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ПОХУМАН ОДНОС КОН ЖИВОТНИТЕ
- април 5, 2017
- 0
Секторот за заштита на животната средина при Општина Карпош апелира до сите граѓани за хуман однос кон уличните и домашните животни. Имено, комуналните редари на локалната самоуправа деновиве открија неколку случаеви на отруени мачки во Карпош 3. Мршите беа веднаш отстранети и ваквиот инцидент пријавен во полиција, бидејќи станува збор за кривично дело.
Притоа, со ваквото однесување подеднакво се загрозува здравјето и безбедноста на жителите на Карпош, посебно на најмладите, бидејќи во овој дел има две предучилишни установи, основно и средно училиште и детски игралишта. Општина Карпош остро го осудува ваквото поведение на некои несовесни граѓани, и уште еднаш апелираме доколку се забележи ваков случај веднаш да се пријави во полиција.