АЛЖИРСКА И БАГДАДСКА ЦЕЛОСНО ОБНОВЕНИ
- мај 17, 2016
- 0
Поволните пролетни временски услови ги олеснија работите на обнова на инфраструктурата на територија на Општина Карпош. Така, деновиве се заврши изведбата на новата фекална канализација на улицата „Алжирска“, но и на околните улици во урбаната заедница „Владо Тасевски“ во наслебата Тафталиџе 1.
Првиот човек на локалната самоуправа, Стевчо Јакимовски во изјава за медиумите, истакна дека за краток временски период, голем дел од улиците во оваа урбана заедница се веќе целосно обновени.
-Во урбаната заедница „Владо Тасевски“ речиси ги решивме проблемите коишто ги имаат граѓаните, а тоа значи извршивме реконструкција на фекалната и атмосферската канализација на улиците „Каирска“, „Алжирска“ и „Багдатска“, кадешто на секоја улица се поставува ново улично осветлување, рабници и тротоари. Целокупната инвестиција на атмсоферската канализација заедно со асфалтирањето на улиците „Алжирска“ и „Багдатска“ изнесува околу седум ипол милиона денари, а дел од средствата се од Светска банка. Граѓаните од овој дел на Карпош нема да имаат никаков проблем со одводнувањето на улиците кога има поројни дождови – рече Јакимовски и потсети дека, согласно договорот со Светска банка, градежните активности продолжуваат кон улицата „Борка Талески“.
Со ваков интензитет на активности, се очекува до ноември оваа година, да бидат реконстурирани сите улици во урбаната заедница „Владо Тасевски“.