АЛАРМ ЗА СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА 2019 – ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКИ
- декември 7, 2018
- 0
Пред платото на ТЦ Скопје Сити Мол, односно токму од Карпош, започна кампањата „Среќна и безбедна 2019 година – петардите не се играчки“, во организација на Општина Карпош, СВР Скопје, Црвен крст на Град Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Во оваа кампања се приклучија сите основни училишта во Општината. Имено, учениците изработија цртежи и графити со мотиви: ПЕТАРДИТЕ НЕ СЕ ИГРАЧКИ, по што беа избрани и најдобрите цртежи на таа тема. Како прво награден беше цртежот на Дорис Геракар од ООУ „Петар Поп Арсов“, втората награда Ива Цимбировска од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“, а третонаградена беше Берна Абдула од ООУ „Братство“.
На настанот се обрати градоначалникот Стефан Богоев, кој напомена дека локалната самоуправа продолжува да работи на зголемена безбедност на најмладите.
– Посакуваме на безбеден начин да влеземе во Новата 2019 година. Пиротехничките средства придонесуваат и за дополнително загадување на животната средина, а секако се закана и за нашата лична безбедност.
Целта на оваа кампања е да се подигне јавната свест кај сите граѓани, а младите на најдобар начин може да ја рашират пораката и да алармираат, рече Богоев.
-Со вашето учество во кампањата, им порача на учениците Богоев, не само што придонесувате за намалување на употребата на пиротехнички средства, туку иако одите во основно училиште, покажувате многу поголема свесност и одговорност од повеќе возрасни сограѓани.Затоа ширете ја пораката за безбеден пречек на Новата 2019 година на ваков креативен начин, иако сите цртежи имаат своја убавина, а денес ги избвравме најдобите три кои ќе бидат и наградени.
На настанот се приклучија и учениците од музичкото училиште Илија Николовски – Луј кои изведуваа познати македонски песни и светски хитови, со што дополнително ја надополнија атмсоферата.
Исто така, пред платото на ТЦ Сити Мол се одржа и симулација – укажување на прва помош на повреда здобиена од употреба на пиротехничко средство.