Денеска во населбата „Жданец“ , која се наоѓа во рамки на урбаната заедница „Пецо Божиновски-Кочо“, општинските служби за одржување на хигиената и чистотата на територијата на општина Карпош, спроведоа акција за темелно чистење на теренот. Освен редовното метење на локалните сервисни улици, низ населбата се собираа и чистеа мини депонии и се подигнуваа паднатите гранки и лисја. На улицата „Атинска“, (У.З „Владо Тасевски“) која пред краток период беше целосно реновирана и реконструирана, се кастреа гранките на дрвјата долж улицата.

Еден од клучните приоритети на Карпош како локална самоуправа е одржување на хигиената и чистотата на високо ниво.

Во оваа пригода апелираме до сите граѓани, да ја чуваат и заштитуваат животната средина и јавните површини, да го одложуваат отпадот на места кои се предвидени за таа намена и совесно да ги користат детските игралишта и урбаните елементи.