АКЦИЈА ЗА СПУШТАЊЕ НА НАДЗЕМНАТА КАБЕЛСКА МРЕЖА ВО ПОДЗЕМНА
- март 17, 2022
- 0
Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска во својот кабинет оствари работна средба со раководителот за фиксна инфраструктура, Горан Петковски, од операторот „А1“. На денешата средба Петковски го информираше првиот човек на општината дека во претстојниот период операторот „А1“ спроведува акција за спуштање на надземната кабелска мрежа во подземна. Во моментов, екипите работат на теренот во населбите Карпош 1 и 2, додека пак во населбите Карпош 3 и 4 се поставува комплетно нова подземна оптичка мрежа.
Со оваа акција граѓаните ќе имаат поквалитетен интернет и во исто време ќе се отстранат бандерите со надземни кабли во сите урбани заедници.