На четири локации низ Карпош ќе бидат поставени големи контејнери за одложување на кабастиот отпад од домаќинствата. Станува збор за акција на општина Карпош и ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, која ќе се спроведе во периодот од 18 до 22 мај  2021 година (деновите од вторник до  сабота).

 

Мебелот, електронскиот и електричен отпад, граѓаните ќе можат да го одложат на четирите локации:

 

  • Влае 2, позади Порта Влае, кај автобуската постојка;
  • Тафталиџе 2, на улицата „Женевска“ (автобуска постојка на последна „24 – ка“);
  • Козле, во близина на ресторанот „Македонска куќа“ ;
  • Долно Нерези, на улица „Ванчо Мицков“ .

 

Ги повикуваме сите граѓани, кои планираат да го одложат кабастиот отпад, тоа да го сторат во посочениот временски период и исклучиво во овие наменски контејнери.

 

Оставањето на овој вид отпад, во близина на контејнерите за одложување на домашниот комунален отпад е казниво и придонесува за загадување на околината.

 

Во оваа прилика, информираме дека е активен и пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, во Карпош 3, долж бул. „Илинден“ (позади бензинската станица „Макпетрол“), каде што граѓаните можат да одложат кабаст отпад.